Лансирана едукативната платформа Brainster

Визијата на Brainster е да го претвори градот во универзитет, секој простор во училница и секој од нас во инструктор и студент.

Денеска, официјално со работа започнува новата едукативна платформа Brainster. Уште првиот ден од лансирањето на Brainster ќе може да најдете различни курсеви, од „курс за фотографија “ до курс за „Storytelling: Како да пишувате за странски медиуми “ кој можете да го добиете за неверојатно ниска цена.

Тимот на Brainster

Brainster ќе функционира на следниот начин: Инструкторите го поставуваат курсот на платформата, ја формираат цената, бројот на слободни места и ја одбираат локацијата. Слушателите ги одбираат курсевите преку платформата. со можност за попусти и награди како мотивација да учат и посетуваат курсеви, а инструкторите ќе бидат исплатени во зависно од интересот за нивниот курс. Brainster како платформа ќе задржи процент. Секој може да се вклучи, стартува курс и да заработува од едукативната платформа, а првите курсеви се веќе поставени на платформата и ќе се одржат на многу кул локации како co-working простории, акселератори, инкубатори, работилници па дури и во кафулиња.

Можете уште веднаш да посетите некој од бесплатните курсеви кои инструкторите ги креираа за Вас:

Доколку сеуште не сте се регистрирале на платформата, сега е вистинско време да го направите тоа и да се вклучите во BRAINSTER заедницата!

Формалното образование никогаш нема да може да биде во чекор со потребите на пазарот на труд. Мисијата на креаторите на Brainster засекогаш е да го променат начинот на кој луѓето учат нови вештини.

По повод започнувањето со работа на Brainster би сакале на сите читатели да им овозможиме посебна прилика за учество на било кој од курсевите со попуст од 20% со внесување на промотивниот код brainster20. Купонот за попуст може да се искористи до 26 Октомври.




  • Меню